Изградени 60 отсто од гасоводната мрежа во Струмица

Bez autora
Jul 21 2011

Во Струмица во изминатите два месеца се изградени над 7 километри од вкупно проектираните 13 километри примарна гасоводна мрежа. Истовремено, во тек е и тендерот за набавка на потребната опрема, по што ќе биде распишан и меѓународен тендер за набавка со природен гас. Изградбата на првата фаза од овој капитален проект, единствен од ваков вид во земјава, ја изведува фирмата „Конти хидропласт“ од Гевгелија, за што со локалниот буџет се планирани 57 милиони денари. Гасоводот, за кој вкупно ќе бидат инвестирани 235 милиони денари, ќе биде даден во употреба во октомври оваа година, пред почетокот на новата грејна сезона. Заокружувањето на првата фаза практично ќе значи основа за гасификација на локалните и државните јавни установи и на заинтересираните домаќинства, на стопанските објекти, фабриките и слично.

Изградени 60 отсто од гасоводната мрежа во СтрумицаВо Струмица во изминатите два месеца се изградени над 7 километри од вкупно проектираните 13 километри примарна гасоводна мрежа.

Истовремено, во тек е и тендерот за набавка на потребната опрема, по што ќе биде распишан и меѓународен тендер за набавка со природен гас.

Изградбата на првата фаза од овој капитален проект, единствен од ваков вид во земјава, ја изведува фирмата „Конти хидропласт“ од Гевгелија, за што со локалниот буџет се планирани 57 милиони денари. Гасоводот, за кој вкупно ќе бидат инвестирани 235 милиони денари, ќе биде даден во употреба во октомври оваа година, пред почетокот на новата грејна сезона.

- Заокружувањето на првата фаза практично ќе значи основа за гасификација на локалните и државните јавни установи и на заинтересираните домаќинства, на стопанските објекти, фабриките и слично. Во втората фаза на гасоводниот систем ќе бидат приклучени пластениците и оранжериите за производство на зеленчук и населените места во непосредната околина на Струмица - изјави градоначалникот Зоран Заев.

Со гасификацијата на Струмица ќе се постигне висока енергетска ефикасност, заштеда на енергијата и намалување на трошоците за скапите нафтени деривати и другите енергетски горива.

- Според глобалните пресметки, само во јавните установи годишно ќе се заштедуваат над 20 милиони евра, а супституцијата на нафтата, струјата и огревното дрво ќе значи и поголема заштита на човековата околина - вели Зоран Китанов, директор на претпријатието „Струмица-гас“.

Локалниот гасоводен систем во Струмица е проектиран така што ќе може без никакви проблеми да се приклучи на гасоводот кој со најавениот проект на Владата ќе се гради во источниот дел на земјава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik